ИНФО

Режим на јавен превоз за време на Министерскиот самит на ОБСЕ

Утре, во период од 9 до 12 часот, поради одржување на генерална проба во врска со 30. Министерски совет на ОБСЕ, неколку сообраќајници ќе бидат затворени, па од тие причини дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.

Изменети траси ќе имаат линиите 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118.

ТРАСИ  НА ДВИЖЕЊЕ

Линии 8 и 15А

  • од мост „Гоце Делчев“ наместо по булевар „Илинден“, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.

Линии 7, 15, 19, 26, 29 и 59

  • наместо на крајните терминали во Карпош 3 и Карпош 4, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“, па десно по улица „Никола Парапунов“ (стара телевизија) каде не чекаат време, туку веднаш ќе продолжуваат десно по булевар „Илинден“, па десно по улица „Љубљанска“, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“

Линии 18, 21А и 118

  • од булевар „Крсте Петков Мисирков“ ќе продолжуваат право кон Бит пазар, потоа по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска улица) и од кај Момин поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајните стојалишта

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ: Каде денес ќе нема струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека неколку...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денес ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во...

ИНФО

Нови клупи, зимзелени дрва и лед осветлување во паркот во Радишани

Oпштина Бутел изврши реконструкција на паркот во ТЦ Радишани. „По 25 години...

ИНФО

СКОПСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ДНЕВНИ КОНТРОЛИ: Казнети 249 возачи, 71 за возење без возачка дозвола

Сooбраќајната полиција вчера во Скопје изрече 249 казни за сообраќајни прекршоци. Mеѓу...