МАГАЗИН

Еуримаж со финансиска поддршка за „Скејтбордингот не е за девојчиња“

Паневропскиот филмски фонд „Еуримаж“ за време на 170-та сесија која е последна оваа година, го поддржа филмскиот проект на режисерката Дина Дума „Скејтбордингот не е за девојчиња“ со износ од 350.000 евра.

-Оваа година македонската кинематографија финансиски е поддржана и на последната 170-та сесија. Третиот македонски проект кој годинава доби средства е „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума. Ова е копродукција меѓу македонскиот продуцент „Сестри и брат Митевски“, „Ентре Чиен Луп Сцрл“ од Белгија и „Вертиго / Терминал 3“ од Словенија, изјави нашиот национален претставник во Еуримаж, Тања Ќурчинска Пепељугоска.

Таа додаде и дека бројот на пријавени копродукциски проекти во секоја сесија сѐ повеќе се зголемува, па така и оваа сесија повторно ќе се памети со 111 пријавени проекти од кои 99 беа оценувани.

-Во ваква конкуренција проектот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ беше оценет одлично и рангиран е на високо трето место на ранг листата во својата група. Коментарите за проектот беа позитивни и оптимистички: „…млада и талентирана режисерка која треба да се поддржи; сценариото е интересно, внесува модерни елементи во една конзервативна заедница на Ромите на Балканот; сериозен продуцентски тим, додаде Ќурчинска Пепељугоска.

Во ноемвриската сесија од вкупно оценувани 99 проекти, само 29 добија финансиска поддршка од Еуримаж.

Северна Македонија е членка на Еуримаж од 2003 година и ова е јубилејна 20 годишнина од нашето членство во овој пан-европски фонд. Јубилејната година ја завршуваат со вкупно 775.000 евра доделени на „ДиЏеј Ахмет“ на Георги Унковски на 168-та сесија, „Човек против јато“ на Тамара Котевска на 169-та сесија и „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума на 170-та сесија.

-Очекувам дека за 2-2,5 години ќе имаме можност да ги видиме овие филмови на големото платно особено поради фактот што странските копродуцентски партнери се обезбедени, а со тоа и финансирањето од нивните националните фондови. Се надевам дека и нашата Агенција за филм ќе стори напор да не се повтори оваа година во која првите 10 месеци немавме ниту еден снимачки ден и дека нашата продукција ќе биде многу поинтензивна следната година“, посочи Ќурчинска Пепељугоска.

Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – Еуримаж од своето основање во 1989 година до денес поддржал 2.438 копродукциски проекти со вкупен буџет од околу 710 милиони евра.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Пластика од целулоза за поздрава животна средина

Идејата за биопластика не е нова – веќе некое време, еколошки ориентирани...

МАГАЗИН

Дали замените за месо од растително потекло се навистина подобри за срцето од опциите за месо?

Како што замените за месо од растително потекло стануваат се попопуларни, истражувачите...

МАГАЗИН

Запален олимпискиот оган за ЛОИ „Париз 2024“

Денес беше запален олимпискиот оган за 33-те Летни Летни олимписки игри „Париз...

МАГАЗИН

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

Храната што децата ја јадат влијае на нивниот развој, но и на...