ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ

Кој ви е најсреќниот ден од неделата, според хороскопскиот знак

Дали имате ден во неделата кога ви се чини дека сè ви оди од рака? Дури и ако се соочите со сериозен проблем, верувате во себе и лесно наоѓате решение. Се верува дека астрологијата има големо влијание врз ова.

Овен – вторник

На латински, името на вторник потекнува од Марс, а ова е планетата што владее со вашиот знак. Овој ден ги засилува вашите енергија и храброст, па е одличен за почнување нови проекти или донесување поризични одлуки. Вторник е денот кога блескате најмногу и кога најлесно се справувате со предизвиците пред вас.

Бик – петок

Венера е планетата што „владее“ со петок, но и со вашиот знак, па ова го прави вашиот најсреќен ден. За вас, ова е ден за љубов, уживање и релаксација. Без разлика дали ќе одлучите да си го посветите на себе или ќе пробате да ја разбудите вашата креативност, петок е ден кој ви носи вистинска хармонија и задоволство.

Близнаци – среда

Среда е денот кога вистински блескате. Ова е ден владеен од Меркур – планетата што владее и со вашиот знак. Па, вашите способности за комуникација, но и вашата интелигенција, посебно се истекнуваат. Среда е одличен ден за проширување на кругот на контакти, споделување нови идеи, но и ден за бегство од хаосот на секојдневието за да ги наполните батериите.

Рак – понеделник

Вие сте најсреќни во понеделник – ден кој е под влијание на Месечината, односно небесното тело кое владее со вашиот знак. На овој ден вашата интуиција е особено изразена, а подобро резонирате и со вашите емоции. Па, понеделник е совршен ден за да се посветите на саканите, но и да одвоите време за себе за да си ја вратите енергијата.

Лав – недела

Лавови, вашиот среќен ден е недела. Овој ден е владеен од Сонцето – небесното тело што има најголемо влијание и врз вашиот знак. Во недела вашата креативност е истакната, па имате можност да се искажете. Прифатете ги сите можности што ќе ви се пружат во овој ден и немојте да ја криете вашата самодоверба, ниту вашиот шарм.

Девица – среда

На латински, името на среда потекнува од Меркур – владејачката планета на вашиот знак. Овој ден ги зголемува вашите аналитички способности, како и способноста да ги забележувате и најмалите детали. Затоа, среда е ден совршен за комплицирани обврски, организација и планирање долгорочни и важни проекти.

Вага – петок

За вас, петок – кој е под влијание на вашата владејачка планета Венера – дефинитивно е најсреќниот ден. Ова е ден кога за вас сè е хармонично и урамнотежено. Петок е одличен ден за социјализација, креативни активности или, едноставно, само уживање и релаксација.

Скорпија – вторник 

Вторник, кој е под влијание на Марс, најмногу ги истакнува вашите добри карактеристики. Овој ден како да ја засилува вашата интелигенција, па е одличен за фокусирање на потешки задачи и цели. Вторник е ден кога можете да доживеете вистинска трансформација.

Стрелец – четврток

Четврток е вашиот среќен ден бидејќи е под влијание на вашата владејачка планета – Јупитер. Овој ден е совршен за правење планови и проширување на вашите видици, без разлика дали преку учење, патување или само длабоко размислување. Прифатете го оптимизмот што ви го носи овој ден.

Јарец – сабота

Сабота е под влијание на Сатурн, вашата владејачка планета, па ова го прави најсреќниот ден за вас. Ова е ден кога треба да размислите за себе и својот живот, но и да се фокусирате на најтешките обврски. Искористете ја секоја сабота за да им се доближите на целите и практичните проблеми.

Водолија – сабота

Вашата среќа го достигнува врвот во сабота, најмногу поради влијанието на планетата Сатурн врз овој ден. Овој ден ја поттикнува вашата иновација и ви помага да размислувате надвор од кутијата. Во склад е со вашиот уникатен начин на размислување, па сабота е ден кога треба целосно да се посветите на најамбициозните цели.

Риби – четврток 

Бидејќи е владеен од Јупитер – планета која има големо влијание врз вашиот знак – четврток е вашиот среќен ден. Ова е ден кога се истакнува вашата креативност и ден кога лесно наоѓате решенија за проблемите. Истовремено, вашата емпатија е на највисоко ниво, а и ова е ден кога вистински се поврзувате со вашата духовна страна.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ

Љубовен хороскоп до 2 март

Венера, планетата на љубовта, е во Водолија заедно со Марс, каде силно...

ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ

Неделен хороскоп за 26. февруари до 3. март

Прочитајте го неделниот хороскоп од 26. февруари до 3. март 2024 година...

ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ

Нeделен хороскоп од 19. до 26. февруари

Пред нас е недела полна со непредвидливи настани бидејќи во Водолија се...