АКТУЕЛНО

Со хуманитарен базар, изложба и работилници се одбележува неделата за грижа за старите лица

Црвениот крст на град Скопје до 26 ноември ја одбележува неделата на грижа на старите лица, која се организира преку социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“.

Во рамките на неделата, деновиве ќе се организираат повеќе активности. Денес, во периодот од 10 до 15 часот во Веро Џамбо се организира хуманитарен базар, а ќе се одржат и три информативни работилници со старите лица за правата од социјална и здравствена заштита и организирање на мобилни тимови во домашни услови кај стари и изнемоштени лица со подршка на УНФПА.

Централниот настан е предвиден за 23 ноември со почеток во Домот на култура „Кочо Рацин” со почеток во 18 часот, каде ќе се одржи хуманитарна изложба насловена „Сеќавања од минатотот”.

Како што информираат од градскиот Црвен крст, социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови е поддржан од Градот Скопје, Албиз Фондацијата, швајцарскиот Црвен крст и Министерство за труд и социјална политика. Целта на програмата е разој на вонинституционални форми на грижа за стари лица и промовирање на активното стареење. Преку програмата на активности се вклучени 200 стари лица во домашни услови и повеќе од 1500 лица на месечна основа во дневните центри за стари лица.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Лицата со попреченост може да поднесуваат барања за повластено користење на јавниот превоз

Заинтересираните граѓани, лицата со оштетен вид, лицата со оштетен слух, лицата со...

АКТУЕЛНО

Аеродром станува првата смарт-општина во Македонија – објавен повикот за избор на стратешки партнер

Општина Аеродром го објави повикот на избор на стратешки партнер кој преку...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош купи седум електрични тротинети за потребите на вработените

Општина Карпош, со издвоени средства од Буџетот набави седум нови електрични тротинети...

АКТУЕЛНО

Жирафата Флопи угинала како последица на малиген тумор на црниот дроб и метастази во белите дробови

По добиените официјални резултати од обдукцискиот протокол за угинувањето на жирафата Флопи,...