Министерството за култура информира дека од денеска е започнат Конкурсот за поддршка на стручно усовршување на дефицитарни кадри во областа на културата (дефицитарни кадри во уметностите и во заштитата на културното наследство) за 2024 година.
-Грижата за младите уметници и за дефицитарните кадри, како мерка, во својата основа ја покажува комплементарноста помеѓу културата и образованието како сооднос кој неизоставно влијае врз унапредувањето на знаењата и афирмирањето на културата во светот, се вели во соопштението на Министерството.
Pосочуваат дека во тој контекст, обезбедени се средства во еднократен износ од Буџетот на државата за 2024 година, поддршка за младите уметници што во иднина ќе влијае во подигнувањето на стручниот капацитет на институциите од областа на културата и развојот на овие уметници како професионален кадар, а и, секако има значење во однос на намалување на трошоците на нивното доедуцирање и
професионална наобразба.
-Со овие стипендии, покрај тоа што ќе се обезбеди иднина во дефицитарни области на културата и заштитата на културното наследство, се обезбедува и повисок студентски стандард и грижа за младите идни стручни кадри во областа на културата. Апликантите не треба да бидат постари од 27 години за прв циклус студии, односно од 30 години за втор циклус студии, односно од 35 години за трет циклус студии, додаваат во соопштението.
Пријавувањето на Конкурсот се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk. За секој поднесен проект, корисникот ќе биде известен по електронски пат, а резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени и на веб- страницата на Министерството за култура.
За сите дополнителни информации во врска со Конкурсот, заинтересираните можат да се обратат до Министерството за култура на Република Северна Македонија на електронската адреса: deficitarnikadri@kultura.gov.mk.
Leave a comment