Општина Ѓорче Петров заедно со хуманитарната организација „Свети Спас“ поделија хуманитарни пакети на пензионерите со најниска пензија и трудови лица со инвалидитет, за како што велат, да им помогнат во време кога секое семејство се соочува со финансиски потешкотии поради високите цени на домаќински производи.
„Наша задача како локална самоуправа е да се грижиме за нашите сограѓани и да обрнеме внимание на загрозените категории коишто навистина се соочуваат со големи егзистенционални проблеми.Човечки и христијански е да се помага и да се прават убави работи, особено кога се работи за наши пријатели, роднини, сограѓани кои имаат потреба од наша помош“, вели градоначалникот Александар Стојкоски.
Тој додава дека се надева дека и во иднина ќе им излезат во пресрет на граѓаните кои имаат потреба од помош.
Leave a comment