АКТУЕЛНО

Отворaње на реновираниот Оддел за литература за деца во Градската библиотека

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје го пушти во употреба реновираниот оддел за литература за деца. Свеченото отворање беше по повод 78. годишнината од постоењето на Библиотеката.

Одделението за литература за деца во централниот објект постои од 1974 година. Новиот и современ изглед е архитектонското решение на Александра Лазаревска (студио Арчи Нова) и ги следи потребите и читачките навики на денешните деца, но и актуелните текови во библиотечното работење. Просторот е од отворен карактер, со посебно акцент на светлината и боите кои создаваат пријатна атмосфера погодна за читање и креација.

„На реновирањето работевме цела година, буквално рушевме ѕидови за да стигнеме до простор каде што децата со радост ќе ги создаваат своите читачки навики. Не ги заборавивме и младите, кои тука ќе најдат не само лектири, туку и слободна литература и мултимедијални изданија. Во Македонија има експанзија на литература за деца и млади, па веруваме дека многу од тие наслови ќе бидат претставени токму тука. Одделот ќе работи според месечна програма која предвидува работилници, промоции, средби со автори и илустратори. Добивме голема донација на книги од неколку издавачи, но треба време за да се обнови целиот фонд. Предвидовме катче за слепи, слабовидни и дислексични лица за што се надеваме и на поддршка од општествено-одговорните компании и поединци“, истакна директорката на Библиотеката, Снежана Стојчевска.

Одделот за литература за деца располага со книжен фонд од околу 20.000 книги. Голема донација на нови изданија за деца и млади пристигна од издавачките куќи Сказнувалка, Арс Ламина и Антолог, на кои Биоблиотеката им додели и посебни благодарници.

Признанија за поддршка и успешна соработка им беа доделени и на ЈУ Универзална сала, Детски културен центар Карпош и СУГС „Лазар Танев“. Вчерашната свеченост започна со детската претстава „Доживувањата на Куферко“ на Артленд и Бејбиарт продукција, а заврши со доделување на благодарници за долгогодишната посветена работа на пензионираните библиотекари.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Лицата со попреченост може да поднесуваат барања за повластено користење на јавниот превоз

Заинтересираните граѓани, лицата со оштетен вид, лицата со оштетен слух, лицата со...

АКТУЕЛНО

Аеродром станува првата смарт-општина во Македонија – објавен повикот за избор на стратешки партнер

Општина Аеродром го објави повикот на избор на стратешки партнер кој преку...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош купи седум електрични тротинети за потребите на вработените

Општина Карпош, со издвоени средства од Буџетот набави седум нови електрични тротинети...

АКТУЕЛНО

Жирафата Флопи угинала како последица на малиген тумор на црниот дроб и метастази во белите дробови

По добиените официјални резултати од обдукцискиот протокол за угинувањето на жирафата Флопи,...