РИТАМ НА ГРАДОТ

Годишен концерт со композиции од ренесанса на градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје вечерва ќе одржи годишен концерт во Музејот на македонската борба за самостојност, со почеток во 19 и 30 часот. Хорот ќе изведе композиции од европската и италијанска ренесанса под диригентство на Марија Андонова. Влезот е бесплатен.

– На концертот публиката ќе има можност да се запознае со ренесансната „а капела“ музика од 15 и 16 век која мошне ретко се изведува кај нас. Оваа музика оддишува со специјален вокален стил што бил создаван во монументалноста на ренесансниот период со сложена полифона форма, информираат од хорот „Вардар“.

Градскиот мешан хор“ Вардар“ од Скопје во своето 23-годишно постоење, во континуитет и со ентузијазам работи и ја презентира хорската музика, како во нашата земја, така и во странство. Хорот има добиено повеќе признанија за своите изведби

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

Годишен концерт на Факултетот за музичка уметност

По повод Денот на Факултетот за музичка уметност, во Филхармонијата вечер од...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Раста го крена на нозе „Синеплекс“ на промоцијата на филмот „3211“

Познатиот српски рапер Раста, вчеравечер имаше премиера на својот филм „3211“, во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Хуманитарен концерт „Жени за жените“

Во Филхармонија денеска ќе се реализира хуманитарен концерт насловен „Жени за жените“....

РИТАМ НА ГРАДОТ

Голем музички хепенинг во Паркот на Франкофонијата

Општина Центар најавува една нова музичка приказна која своевремено ќе стане обележје...