СЦЕНА

Почна „Скомрахи 2023“, на програмата 25 филма и седум студентски пиеси

Со краткиот филм „Тага“ во режија на Тина Величковиќ и дипломската театарска претстава „Вилицата на Ибен Бајерс“ во режија на Борис Василески, и двете целосно создадени од студентите на Факултетот за драмски уметности, вчера во Драмскиот театар во Скопје започнаа 31. Меѓународни средби на студенти од академии и од факултети за драмски уметности „Скомрахи 2023“.

Во официјалната програма на „Скомрахи 2023“  годинава ќе бидат прикажани  25 филма и 7 студентски пиеси, а дополнително ќе се реализираат и изложби, работилници, предавања и богата музичка програма.

Како што пренесува Министерството за култура, отворањето на средбите, заедно со многубројните студенти театролози и филмаџии од регионот и од Европа, го проследи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, со осврт на темата во фокусот на „Скомрахи 2023“ – односот меѓу човекот уметник и  вештачката интелигенција.

– Од особено значење е фактот што уметникот бара во себе и во околината инспирација. Неговиот креативен процес потекнува од емоции, искуства, мислења и интеракција со светот. Тој создава уметнички дела кои го одразуваат неговиот уникатен поглед на светот, неговата култура, верувања и искуства. Во целата оваа разноликост, наоѓаме богатство од идеи и изрази кои ја збогатуваат културната сцена. Со појавата и рапидниот напредок на вештачката интелигенција, сценариото се менува. Вештачката интелигенција има потенцијал да донесе различни предности и предизвици во подобрување на комуникацијата и размена на идеи во образованието и културата, но, сепак, е базирана само на податоци и анализа на обрасци, без емоции, среќа или тага, рече Костадиновска-Стојчевска, по отворањето.

Таа додаде дека ова се само неколку аспекти што може да бидат истражени и разгледани во контекстот на меѓународните студентски средби на Факултетот за драмски уметности. Важно е да се води дебата и да се истражуваат можностите за користење на вештачката интелигенција на најдобар начин за подобрување на образованието и искуството на студентите на факултетите за драмски уметности.

– Иако вештачката интелигенција може да создаде впечатливи слики, музика и текстови, таа нема длабока врска со човечките емоции. Затоа искрено мислам дека сѐ додека постојат уметниците, тие ќе изнајдат начини да ја искажат својата креативност – рече министерката за култура, притоа порачувајќи им на младите уметници да продолжат да  создаваат и да инспирираат бидејќи вистинската уметност произлегува од срцето и душата, независно од технолошките иновации што, несомнено, ќе продолжат да нѐ зачудуваат во иднина.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ вечерва во МНТ

На големата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје, вечерва со почеток...

СЦЕНА

„Кино Утро“ во Кинотека почнува на 9. јануари „Зоки Поки“

Во текот на зимскиот распуст, на почетокот на јануари, веќе традиционално Кинотеката...

СЦЕНА

Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески на ‘HBO Max’

– Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на...

СЦЕНА

Викендов „Златно Славејче“ во Филхармонија, гостува познатиот рапер Пајак

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи годинешното издание на реномираниот детски...