АКТУЕЛНО

Нова апликација „breathe.mk“ ќе ги лоцира загадувачите на воздухот во Скопје

Група студенти од приватен колеџ во Македонија, учествуваат во 48 часовен хакатон и активно работат во решавањето на деценискиот проблем на Метрополата. Апликацијата „Breathe.mk“ која паралелно со граѓаните ќе ја користат и инспекторите од Градот треба да помогне во намалување на аерозагадувањето, но и казнување на загадувачите.

„Во минатото ние имавме навистина проблем со со правење на инфраструктура на овие мерни станици со цел да можеме да прибираме податоци. Сега откако тие мерни станици ќе бидат поставени , поголемиот дел се веќе во фаза на поставување и градот Скопје и инспекторите ќе имаат многу попрецизна слика“, изјави Александар Трајковски – заменик градоначалник на Град Скопје.

Овој проблем наредни 10, можеби и 20 години ќе ни бидат потребни да го решиме, тоа не може да се случи преку ноќ, бидејќи има многу места каде што има помало поголемо загадување и треба да се крене свеста“, изјави Александар Долстра – иницијатор на Breathe.mk.

Целта на оваа апликација ќе биде побрзо и поефикасно да се делува и деценискиот проблем да се реши што е можно побрзо.

„Она што е уникатно е дека се работи за веб апликација, не се работи за мобилна апликација, нема да се симнува, ќе биде отворена и закорисници на компјутери. Во моментов гледам загадување имам опција да го пријавам со геолокација, на конкретната локација каде што сум да го класифицирам по тим на загадавуање и да оставам фотографија доколку гледам каде се наиоѓа загадувањето“, изјави Јана Тодоровска – дел од организаторите на хактонот.

Скопје изминативе години е меѓу првите на листата најзагадени градови. Според надлежните тоа е децениски проблем, за чие решавање се потребни десетици години, но уверуваат дека актвино се работи на проблемот.

Од граѓанската иницијатива Шанса за Центар, пак пред неколку дена излегоа со податоци дека според истражувањеата кои ги спровеле само во Скопје мапирале над 100 јавни објекти – болници, градинки, училишта, касарни, судови, и други установи кои користат нафта и мазут и покрај тоа што градот има централно парно греење.

По скопското мапирање, извршено е обележување и низ цела Македонија и утврдени се близу 700 такви објекти. Од иницијативата апелираат пратениците во Собранието и советниците да се заложат за мерки во буџетите за 2024-та во нивните изборни единици за да се даде шанса, како што велат, на сите општини да станат почисти.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Истражување: Прегратката го прави детето поинтелигентно

Секојдневната прегратка, што родителите можат да му ја пружат на детето –...

АКТУЕЛНО

Град Скопје го одбележа 1 Март – Денот на нулта дискриминација

Градоначалничката на Град Скопје, денеска во средното училиште на Град Скопје „Јосип...

АКТУЕЛНО

На 30 хонорарци им се прекинати договорите во МКЦ

Со одлука на директорот на МКЦ, Арбен-Бени Шаќири, на 30 хонорарци од...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Еколошката свест кај децата носи зелена и одржлива иднина

Во рамки на кампањата „Редуцирај. Селектирај. Рециклирај”, и Меморандумот за соработка кој...