АКТУЕЛНО

ВОДИЧ: Што да направите и каде да пријавите ако ве касне куче?

Ако ве касне или изгребе куче веднаш треба да се јавите во најблиската здравствена установа за лекување на повредите.

Доколку пак, животното е со познат сопственик, веднаш треба да пријави телефонски до надлежниот официјален ветеринар од општината каде се случило каснувањето. Листата на официјални ветеринари може да ја најдете на официјалната интернет страница на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) www.fva.gov.mk.

Пријавата за каснување или гребаница може да ја поднесете и преку архивата на подрачната единица на АХВ, преку архивата на дирекцијата на АХВ (ул. „Трета Македонска Бригада“ бр. 20, Скопје) или на службената електронска адреса на info@fva.gov.mk. Исто така, пријава може да се поднесе и преку најблиска ветеринарна амбуланта – клиника или полициска станица.

Во прилог на пријавата, граѓанинот потребно е да ги достави личните податоци за контакт, соодветна медицинска документација која ја добил од здравствената установа во која се јавил за лекување на повредите настанати од каснувањето или гребење од куче или мачка, локацијата каде се случил настанот и детален опис на животното од кое каснат. Во спротивно, пријавата ќе биде отфрлена како неоснована.

По добивање на пријавата, официјален ветеринар дава налог кучето или мачката да се стави под официјален надзор (набљудување од страна на доктор по ветеринарна медицина 15 дена со 3 клинички прегледи), а по завршување на опсервацијата се издава Сертификат за надзор на беснило со кој се потврдува здравствениот статус на животното.

Доколку се работи за каснување од бездомно куче или мачка, оштетеното лице случајот треба да го пријави во Секторот за инспекциски работи во локалната самоуправа, покрај горенаведената процедура за пријавување, граѓанинот може да пријави и до надлежното прифатилиште за општината. Прифатилиштето, по службена должност го известува надлежниот официјален ветеринар дека има пријава за каснување од куче или мачка.

Во прилог на пријавата граѓанинот потребно е да ги достави личните податоци за контакт, соодветна медицинска документација, локацијата каде се случил настанот, детален опис на животнотото од кое е каснат.

Многу е важно при поднесување на пријавата колку е можно попрецизно да се опише животното, како и прецизна локацијата на настанот за да може тоа што е можно побрзо да се пронајде и залови. Заловувањето го врши надлежното прифатилиште за општината каде се случил настанот.

Доколку животното е обележано со ушна маркица или микрочип, може да се утврди дали истото е вакцинирано редовно против болеста беснило или не. Доколку е редовно вакцинирано, докторот по ветеринарна медицина од прифатилиштето дава потврда дека кучето или мачката е вакцинирано против беснило, а постапката за набљудување продолжува во прифатилиштето.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Со индекс на загаденост 161, воздухот во Скопје е оценет како „нездрав“

Во главниот град  се измерени 161 микрограми на кубен метар ПМ 2,5...

АКТУЕЛНО

Повторно евтина дневна тарифа на струјата за домаќинствата

Домаќинствата почнувајќи од денеска во периодот од 13 до 15 часот повторно...

АКТУЕЛНО

По 60 години се испитуваат магистралните цевководи за Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска, како што стои во соопштението, ја промовирала изработката на...

АКТУЕЛНО

Традиционално осветлување на Новогодишната елка во Скопје Сити Мол

Влезете во светот на чудата во Скопје Сити Мол овој декември. Во 18:30...