АКТУЕЛНО

Автобусите на ЈСП со искинати навлаки, ишарани и стопени седишта

Не остана читав автобус на ЈСП „Скопје“. Речиси секој автобус е демолиран, ишаран и искршени. Искинати се навлаките од седиштата, исчкртани плафоните, пластичните перки од климите ги нема, а пластичката од седиштата е изгорена и стопена. Ваквата слика е во двокатните кинески автобуси, но и во неколкуте украински кои уште се читави и чат-пат ги има низ улиците.

ЈСП ланската година ја заврши со рекордна загуба од 6,2 милиони евра. Од претпријатието бараа Град Скопје како основач да им ја покрие, но Советот на Град Скопје ова барање не го прифати, а не беше усвоена ниту завршната сметка.

Кинеските автобуси беа набавени во 201о години, кога министер за транспорт и врски беше Миле Јанакиески, а директор на ЈСП, Игор Јанушев. За набавката на автобусите има судски процес против Јанакиески и Јанушев. Јанакиески призна вина.

Обвинетите се товарат заедно со остапиле спротивно на Законот за јавни набавки и фаворизирале економски оператор кој до денот на отворање на понудите немал доставено банкарска гаранција за понудата и сертификат за квалитет што се барал на тендерот. Воедно, конкурентската фирма во тендерската постапка доставила за над 4,7 милиони евра поевтина понуда за автобусите, но и покрај тоа, на тендерот била избрана кинеска компанија од која што се набавени двокатните.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Од утре стартува дневната евтина тарифа на струјата

Од утре стартува евтината дневна тарифа на струјата во периодот од 13...

АКТУЕЛНО

Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздух што ќе се постави кај Цементарницата

Општина Кисела Вода вчера го распиша огласот набавка на мерна станица за...

АКТУЕЛНО

Скопската зоолошка градина демантира дека немаат адекватен кадар за грижа за животните

Скопската зоолошка градина има двајца дипломирано ветерирани со полно работно време кои...

АКТУЕЛНО

Започна реконструкцијата на улицата „Калош Дани“ во Карпош

Започна реконструкцијата на улицата Калош Дани во општина Карпош. Екипите на јавното претпријатие...