АКТУЕЛНО

Арсовска конечно ја заврши Есенинова, нова улица ги поврзува Аеродром и Кисела Вода

Улицата Есенинова со која се поврзуваат општините Аеродром и Кисела Вода конечно е завршена и пуштена во сообраќај. Со тоа сега граѓаните не кружат кај Тутунски комбинат за да стигнат до Аеродром или Кисела Вода туку дирекно преку улицата излегуваат кај Рампа односно на улицата  Трета македонска бригада.

Оваа нова улица почна да се пробива и да се прави во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов кој најави дека ќе биде готова до крајот на 2021 година. Но. со доаѓањето на Арсовска на функција улицата не се заврши во предвидениот рок туку беа потребни плус две години за да се пушти во сообраќај.

На улицата изградена е нова водоводна и канализациона мрежа, поставено е улично осветлување и изградени се нови подземни бунарски линиски системи кои се во функција со резервоар, пумпна станица и поврзување со хидрантска мрежа. Паралелно со градежните работи се изведоа заштитни огради и на крстосницата се постави нова светлосна сигнализација и соодветно обележување на хоризонталната сигнализација на коловозите.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Најискрената публика уживаше во младинската театарска претстава „Како ќе го делиме мачорот“

Учениците од Општина Центар го посетија „Тетарот за деца и младинци“-Скопје, со...

АКТУЕЛНО

„Скриени дела и спомени – откривање“ – арт инсталацијата на студентите од ФЛУ Скопје

„Скриени дела и спомени – откривање“ е насловот на арт инсталацијата на...

АКТУЕЛНО

Општина Центар со 17 Еразмус Плус проекти во изминативе пет години

Градоначалникот Горан Герасимовски заедно со Бојан Маричиќ, заменик претседателот на Владата задолжен...

АКТУЕЛНО

Јавен повик за средношколци за учество во проектот Театарот ги обединува младите TRY

Програмата TRY (Театарот ги обединува младите) е меѓународен проект ко – финансиран...