ЈП „Лајка“ известува дека денес (31 јули) ќе започне со стратешко заловување во општина Гази Баба.
„Нашиот тим на заловувачи оваа недела ќе заловува во општина Гази Баба и тоа во следните реони: Железара, Фабрика Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово. Втората недела од стратешкото заловување (07-11.август) нашиот тим ќе заловува во: Раштак, Булачани, Виниче, Црешево, Смилковци, Страчинци и Брњарци. Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман, информираат од Лајка.
Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони кое го нема поминато хуманиот третман.
„Доколку граѓаните од гореспоменатите населби имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на info@lajka.com.mk“, се вели во соопштението.
Leave a comment