АКТУЕЛНО

„НA ТOЧАК“: Лажна е објавата дека ќе има пешачки и вело-патеки кај Стара железничка станица

Од неформалната група ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје „На Точак“ велат дека нема дека ќе има велосипедски, пешачки патеки и нови сообраќајни решенија во ДУП-от за Стара железничка станица.

„Во текстот како да се земани делови од нашиот Анкетен лист пратен пред 2 и пол години, од она што го бараме, но не е обрнато внимание на она што ни е одговорено официјално, од самата Општина Центар. Не смее по медиуми да проаѓаат вести кои не се точни, зашто штетат на борбата за подобри градови но и на вистината. Сите добри чекори на Општина Центар, како една од понапредните општини, ги пофалуваме, но вакви лажни објави мора да се демантираат“, велат „На Точак“.

Велат дека градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски објавил дека ДУП-от за Стара железничка станица нудел „нови сообраќајни решенија“.

„Ако под нови се мисли на оние одобрени од Град Скопје во 2014-та година, со „Проект за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба за улица „Јордан Мијалков“ со заверка бр. 13-2015/1 од 20.03.2014 година“, подобро нека не ги спомнува зашто се катастрофални. Ние побаравме во овој ДУП да се сменат сообраќајните решенија на околните улици, на маалските улички, и образложивме зошто се лоши во нашиот Анкетен лист (пратен до општината на Јавната анкета за ДУПот за Стара Железничка), но Комисијата ни одговори дека тие се надлежност на Град Скопје. Замислете, од Град Скопје ја испланирале ул. Јордан Мијалков (поренешна Железничка) со 3 ленти за коли во 1 насока, со 2 ленти сервисна улица за хотелите од комплексот (за да паркираат бесплатно на јавна површина), со никакви тротоари и со велосипедска патека само во 1 насока и до пола улица со слеп завршеток? Оваа улица и сега е една од најнебезбедните улици за пешаци и велосипедисти, а преширока за возење автомобили. До сега имаме правено неколку протести за овозможување безбедно движење на ранливите учесници во сообраќајот и граѓаните праќале стотици барања до Градот и Општина Центар“, појаснуваа оттаму.

Велат дека и нема нови пешачки патеки и велосипедски паркинг во затворен јавен простор.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ победник на ораторската вечер „Иво Пухан“

Студентката Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и...

АКТУЕЛНО

Ќе се постават 15 велосипедски паркинг- држачи во основните училишта и две сервисни станици

Основните училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе добијат велосипедски паркинг-...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието

Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот...

АКТУЕЛНО

За една недела „пајакот“ крена 224 непрописно паркирани возила во Центар

За една недела на територија на општина Центар казнети се 224 возачи...