Премиериот Димитар Ковачевски ќе ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска за да помогне во решавање на проблемите во градот. Тој денеска одговарајки на новинарски прашања кажа дека лани да не била Владата поради Арсковска и ВМРО-ДПМНЕ Скопје ќе останеше без парно греење.
„Тоа е обврска на опозицијата која се фалеше дека ќе го направи Скопје метропола но за жал денес погледнете какво е. Не може да се доправи ништо што е започнато и од таа причина планирам да го повикам раководството на Град Скопје за да разгледаме што можеме ние како Влада да помогнеме бидејки граѓаните на Скопје заслужуваат да живеат во метропола, а не заслужуваат ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат да се караат секој ден за тоа кој бил во право“, посочи премиерот Димитар Ковачевски.
Тој кажа и дека минатата година Владата субвенионирала над 80 отсто од сметките за електрична енергија.
Leave a comment