АКТУЕЛНО

ВНИМАВАЈТЕ НА ДЕЦАТА И МИЛЕНИЦИТЕ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК – КУЧИЊА НАПАЃААТ

Во Градскиот парк напаѓаат кучиња скитници. Секој ден група од три улични кучиња напаѓаат минувачи кој ги шетаат нивните домашни миленичиња. Ваков инцидент се случи завчера околу 21:30 часот кога жена мирно шетајки го своето милениче на ланец од нигде никаде беше нападната од овие кучиња бездомници. Едно од нив буквално го згарпчи нејзиното малечко куче, а другото се обидуваше да ја нападне и искаса жената.

Жената безпомошно држејки го своето мало куче во рацете падна во тревата и колку и да се обидуваше да се одбрани и да го отргне бездомното куче од нејзиното милениче, таа никако не успеваше. Веднаш притрчаа луѓе кои седеа на околните клупи но никој не можеше да ги оттурне разбеснатите кучиња. Целата драма успеаа некако да ја смират две жени кој случајно минуваа и ги испрскаа солзавец за да ги разбркаат кучињата.

Во овој дел од паркот кој особено е посетен од мали деца се создаде огромна паника и за само неколку минути луѓето од страв го напуштија.

„Да не дојдеа двете жени кој знае каква несреќа ќе се случеше. Со денови овие кучиња скитници циркулираат во овој дел на паркот и напаѓаат. Денес го повредија малото кученце, а утре може тоа да биде мало дете. Не сум против животни но овој проблем е сериозен и мора да се реши. Немаше дете кое со страв и солзи во очите не си замина од паркот. Ги молам надлежните итно да реагираат, особено што две од нив немаат ни жиг дека се вакцинирани“, вели Е.М. која во моментот на инцидентот била во Градскиот парк.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ победник на ораторската вечер „Иво Пухан“

Студентката Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и...

АКТУЕЛНО

Ќе се постават 15 велосипедски паркинг- држачи во основните училишта и две сервисни станици

Основните училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе добијат велосипедски паркинг-...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието

Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот...

АКТУЕЛНО

За една недела „пајакот“ крена 224 непрописно паркирани возила во Центар

За една недела на територија на општина Центар казнети се 224 возачи...