МАГАЗИН

Секојдневни навики кои ви ја крадат енергијата

Доколку секојдневно се чувствувате исцрпено и покрај тоа што имате добар сон или се обидувате да го поминете денот без да проѕевате цело попладне, веројатно не знаете што правите погрешно и како точно трошите енергија.

Истражувањето на ‘YouGov’ покажа дека 13 отсто од нас се постојано уморни, а 33 отсто од луѓето велат дека се чувствуваат исцрпено речиси половина ден. Недостатокот на енергија може да ја отежни концентрацијата и продуктивноста. Еве кои секојдневни навики ви ја трошат енергијата.

Консумирате премногу јаглехидрати

Она што го јадете има големо влијание врз нивото на вашата енергија, а јаглехидратите не се добри за вас.

„Иако сакаме слатка храна кога ни недостасува енергија, таа брзо го зголемува нивото на шеќер во крвта и го поттикнува ослободувањето на хормонот инсулин. Резултатот е зголемување на гликозата во мускулните и масните клетки, што резултира со замор, што обично е полошо неколку часа по јадење. Поради ова, може да се поспани по ручек богат со јаглехидрати“, вели нутриционистката Сара Бруер.

Пиете премногу кафе

Кофеинот може брзо да го подигне вашето ниво на енергија, но во исто време може и премногу да ве исцеди. Кофеинот го блокира смирувачкиот аденозин во мозокот, кој исто така е вклучен во производството на енергија, па вишокот на кофеин прави да се чувствувате побрзо исцрпени, вели Бруер.

Секоја вечер пиете алкохол

Ако имате навика да пиете една или две чаши вино секоја вечер со вечерата, знајте дека тоа ви помага да се опуштите само во моментот, но ве остава исцрпен следниот ден.

„Премногу алкохол во текот на ноќта влијае на тоа како спиете. Иако може побрзо да заспиете, веројатно ќе се разбудите во текот на ноќта и потоа ќе ви биде тешко да се вратите на спиење. Алкохолот го намалува и квалитетот на сонот, па наутро нема да се разбудите свежо како и обично“, објаснува нутриционистот.

Поминувате време со негативни луѓе

„Песимистите ве влечат надолу, бидејќи нивното негативно фокусирање на настани може да го зголеми секој стрес во вашиот живот и да направи да се чувствувате емоционално исцрпени, уморни и незадоволни“, вели Сара Бруер.

Според психолозите, негативната врска може да влијае на вашата благосостојба и нивото на енергија четири до седум пати повеќе од спротивните ефекти на позитивната врска.

Премногу сте затворени

Ако го поминувате цел ден на биро или часови во затворен простор, тоа може да направи да се чувствувате летаргично.

„Дневната светлина има корисен ефект врз ритмичките циклуси во телото, циклусите на спиење-будење и на функцијата на тироидната жлезда. Го потиснува лачењето на мелатонин (хормонот за спиење), па се чувствувате поенергично и побудно“, вели нутриционистот. Освен тоа, сончевата светлина му помага на телото да произведе витамин Д, пишува ‘The Sun’.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИНПРИКАЗНИ

Зоолошката градина во Загреб – волшебен микросвет кој плени со својата хармонија

Зоолошката градина на градот Загреб е една од трите зоолошки градини во...

МАГАЗИН

Жителка на Уганда родила близнаци на 70 години

Државјанка на Уганда, која има 70 години, родила близнаци, по вештачко оплодување....

МАГАЗИН

Пет совети кои ќе и помогнат на вашата кожа да изгледа понежно оваа зима

Зимското време има тенденција да ја остави нашата кожа сува и ронлива....

МАГАЗИН

Дали треба да ги прифатиме сите интернет колачиња? Еве на што треба да обрнете внимание

Автоматски да се прифатат сите интернет колачиња? Ако ја цените вашата приватност...