Ејџиан, грчкиот национален авиопревозник и член на Стар Алиенс, ќе воведе нова авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје до Меѓународниот Аеродром Сараево, од 2-ри октомври годинава, најавуваат од ТАВ Аеродроми.
Ејџиан ќе почне да лета меѓу двата главни града од 2-ри октомври 2023 година, со воздухоплов ATR72-600, со три лета неделно, или секој понеделник, среда и петок.
„Возбудени сме што можеме да објавиме и да им честитаме на Ејџиан за одлуката да воведат лет од Скопје до Сараево од октомври оваа година и да овозможат одлична регионална поврзаност, од Атина на југ, преку Скопје, до Сараево на северот на Балканот. Оваа авио-конекција во исто време претставува и значајно достигнување во нашата посветеност како аеродромски оператор за подобрување на опциите за авионски патувања за нашите ценети патници.“ – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Leave a comment