Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) на Единствениот број за итни ситуации 112, на пладне била примена пријава на пожар на Водно, во месноста ,,Марково крушче”. По што, веднаш се известени пожарникарите од БППЗ и надлежни јавни претпријатија на Град Скопје. Тие брзо излегле на терен и го изгаснале пожарот што имал зафатено сува трева и нискостеблести растенија, а имало опасност да ја зафати и шумата.
Leave a comment