АКТУЕЛНО

ОРДЕН ЗА ЗАСЛУГИ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЗА „ЛЕБ И СОЛ“: Потребен ни е нов албум од вас

Претседателот Стево Пендаровски денеска со Орден за заслуги за Република Северна Македонија ги одликува Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан.

Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан се сметаат дека ја сочинуваат најоригиналната постава на легендарните „Леб и сол“, култната македонска група која со своето делување ја испиша современата македонска музичка историја.

„Вашата музика драги лауреати во дамарите на македонската душа и дава митски димензии затоа што претставува културно наследство со кое се идентификуваа, растеа и сѐуште растат, живеат генерации Македонци. Уште од нивниот прв албум објавен далечната 1978 година „Леб и сол“ беа дефинирани како неприкосновени инструментални виртуози и пионери во она што критичрите тогаш го нарекуваа ‘World Music Confussion’. Имено, комбинирајки рок, џез и традиционали македонски ритми притоа создавајки музика која далеку ги надмина границите на времето. Пред речиси половина век „Леб и сол“ се етаблираа во национална гордост и категорија, статус кој без напор го одржуваат низ годините и до ден денес. Во 90-тите членовите на групата започнаа и солистички кариери, соработувајки со исклучителни музичари од целиот свет проширувајки ги музичките хоризонти но останувајки верни на наследството и националниот дух без кој не можете да оставите белези на глобален план. Патувањето на „Леб и сол“ од Скопје до меѓународно призната музичка постава е доказ за моќта на нивното креативно изразување кое далеку ги надмарува признанијата. „Леб и сол“ не само што го збогатија културиот идентитет на македонското општество туку додадоа суштински придонес за развојот на музиката на глобално ниво. Потребен ни е нов албум од вас, во овој формат, размислете“, рече претседателот Стево Пендаровски при доделувањето на ордените.

Членовите на „Леб и сол“ рекоа дека оваа награда е посебно драга, а кога почнале да се занимаваат со музика не ни сонувале дека ќе ја добијат.

„Ние бевме најдобрата група во Југославија“, рече Гарабет Тавитјан откако го доби орденот од Пендаровски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ победник на ораторската вечер „Иво Пухан“

Студентката Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и...

АКТУЕЛНО

Ќе се постават 15 велосипедски паркинг- држачи во основните училишта и две сервисни станици

Основните училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе добијат велосипедски паркинг-...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието

Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот...

АКТУЕЛНО

За една недела „пајакот“ крена 224 непрописно паркирани возила во Центар

За една недела на територија на општина Центар казнети се 224 возачи...