КУЛТУРА

„2КАЦ“ дијалог-изложба на израелски карикатуристи во ОСТЕН

Во галерија ОСТЕН  вечерва ќе се отвори дијалог-изложбата на карикатури „2КАЦ“ на израелските карикатуристи, Григори и Илја Кац, со која Светската галерија на карикатури го започнува одбележувањето на  55-годишниот јубилеј, кој е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и е во соработка со Скопско лето 2023.

Концептот на изложбата „2Kац“, како што соопштуваат од ОСТЕН е двогледност – две визии на иста тема, два изрази на двајца уметници, еден постар и еден млад, татко и син. Нивните дела се претставени во тематски парови, давајќи секој пат драматичен конфликт на целината. Воедно, посетителите можат да се восхитуваат на делата преку „двогледни спектакли“

Григори работи како архитект, карикатурист и илустратор. Од 2008 година започна да учествува на меѓународни изложби и натпревари за карикатура и освои повеќе од 60 награди на меѓународни натпревари за карикатура, додека, пак Илја е карикатурист, сликар и дизајнер. За разлика од татко му, тој почнал  да учествува на меѓународни изложби и натпревари за карикатури во 2006 година и освои повеќе од 100 награди на меѓународните натпревари за карикатура

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Седмо издание на „Винодонија“ на 8. и 9. декември во Скопје

На 8 и 9 декември во Скопје ќе се одржи седмото издание...

КУЛТУРА

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ во Драмски театар Скопје

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ вечерва ќе се одржи во Драмскиот...

КУЛТУРА

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе се изведе на сцената на Националната...

КУЛТУРА

Објавен конкурс за наградата „Маџирмаалски поетски бранови“

Извршниот одбор на традиционалните „Маџирмаалски поетски средби“ и Комисијата за  Комисијата за...