АКТУЕЛНО

СВЕТСКИ ДЕН ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ДАВЕЊЕ: Секој може да се удави, но никој не треба!

Водата е составен дел од нашите животи, ни помага да преживееме но во друг момент може и да ни го одземе животот. Иако никој не е имун од давењето сепак постојат разлики помеѓу стапките на давење во земјите со висок ризик и земјите со низок ризик.

Давењето предизвика над 2,5 милиони  смртни случаи во последната деценија. Секоја година во светот умираат 236 000 луѓе. Огромен број од овие смртни случаи дури 90% се случуваат во земјите со низок и среден приход. На глобално ниво највисокати стапки на давење се појавува кај деца на возраст од 1-4 години а потоа следат деца на возраст од 5-9 години. Давењето е трета водечка причина за смрт од ненадејни повреди во светот, што претставува 7% од смртните случаи поврзани со повреди.Најголемиот број на случаи на давење се случуваат во реки, езера, бунари, домашни бунари за складирање на вода и базени. Се нагласува дека децата и адолесцентите од руралните области се несразмерно погодени.

Човечката, економската и социјалната загуба со овој вид на катастрофа  е неподносливо висока и целосно може да се спречи!

Слоганот за одбележување на Светскиот ден за превенција од давење гласи: Секој може да се удави, но никој не треба!

Во 2023 година  76- тото Светско здравствено собрание ја усвои својата прва резолуција за превенција од давење. Резолуцијата го прифаќа предлогот на Генералното собрание на Обединетите нации за Светската здравствена организација (СЗО) да ги координира активностите во рамките на системот на ОН за превенција од давење и да биде лидер во  одбележувањето на Светскиот ден за превенција од давење на 25 јули секоја година.

По повод одвележувањето на  овогодинешниот Светски ден за превенција од давење, СЗО ќе продолжи да се фокусира на подигање на свеста за  превенција од давењето како проблем, потсетувајќи ги луѓето дека Секој може да се удави, но никој не треба!

Секое давење може да се спречи, решенија постојат. Светската здравствена организација изнесе неколку решенија базирани на докази за превенција од давење со што обезбеди и упатства за имплементација на истите. Иако имплементацијата на овие решенија ќе се разликуваат според контекстот но важно е дека глобало заедниците за превенција од давење се доследни и кохерентни во артикулирање на следниве шесте интервенции кои можат да се имплементираат со цел да се спречи давењето:

  1. Поставување на бариери кои го контролираат пристапот до вода;
  2. Безбеден простор за деца од предшколска возраст далеку од вода и со  особена грижа и надзор од возрасен;
  3. Подучување на основните вештини за пливање, безбедност на вода и безбедно спасување. Вклучувајќи ги и децата на училишна возраст;
  4. Обука на граѓани за безбедно спасување и реанимација;
  5. Поставување и спроведување на безбедни прописи за пловење, превоз на патници вклучително и носење на лична опрема за безбедност пр. (елек за спасување);
  6. Градење на отпорност и управување со ризици од поплави и други видови на катастрофи.

Давењето немора да биде несреќа или судбина. Знаеме дека може да се спречи, користејќи решенија кои се ефективни и исплатливи. Секоја година 25ти јули ќе не потсетува дека имаме шанса за превземање на дејствија и  да направиме промени на локално, национално и регионално ниво, можност да се укаже дека може да се спречи причина за смрт.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Од утре стартува дневната евтина тарифа на струјата

Од утре стартува евтината дневна тарифа на струјата во периодот од 13...

АКТУЕЛНО

Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздух што ќе се постави кај Цементарницата

Општина Кисела Вода вчера го распиша огласот набавка на мерна станица за...

АКТУЕЛНО

Скопската зоолошка градина демантира дека немаат адекватен кадар за грижа за животните

Скопската зоолошка градина има двајца дипломирано ветерирани со полно работно време кои...

АКТУЕЛНО

Започна реконструкцијата на улицата „Калош Дани“ во Карпош

Започна реконструкцијата на улицата Калош Дани во општина Карпош. Екипите на јавното претпријатие...