Мелатонин, хормонот одговорен за квалитетот на нашиот сон, опаѓа со возраста. Но, постојат начини да се регулира и без суплементи.
Мелатонин е познат и како хормон за спиење. Тој е клучен за квалитетен сон, а се користи како додаток во лекувањето на несоница и други проблеми со спиењето. Тие се главно безбедни и не предизвикуваат зависност, но можат да предизвикаат главоболки, гадење, вртоглавица и да го попречат дејството на некои други лекови. Затоа, поедноставно и побезбедно е да се помогне при природното производство на мелатонин во телото.
Недостатокот на сон е штетен
Недостатокот на сон лошо влијае на здравјето. Може да ја наруши концентрацијата, хормоните на гладот, што значи дека ќе јадеме повеќе и може да ја зголеми отпорноста на инсулин. Има малку докази дека мелатонин е ефикасен против хронична несоница, но ако имате џет-лаг, може да ви помогне да се вратите на нормална шема на спиење. Луѓето со одложено нарушување на спиење-будност често остануваат будни до раните утрински часови и спијат до околу пладне. Мелатонин може да им помогне да одржат понормален режим на спиење.
Мелатонин може да им помогне и на децата со одредени состојби кои го попречуваат сонот, како што се АДХД, астма или дерматитис, но бидејќи е хормонален, не треба да се зема без одобрение од лекар.
Нивото на мелатонин природно се намалува со возраста, а неговото одржување може да спречи мозочни нарушувања подоцна во животот. Истражувањата покажаа дека мелатонин може да го намали ризикот од невродегенеративни болести како што се Алцхајмерова и Паркинсонова болест.
Храна со мелатонин
Не постои специфична препорачана дневна граница за внес на мелатонин, но некои експерти препорачуваат околу 0,5 до 3 милиграми за проблеми поврзани со спиењето. Повисоките дози може да предизвикаат поспаност во текот на денот. Иако податоците на намирниците не вклучуваат колку мелатонин содржат, експертите ги наведоа овие шест како квалитетен извор.
Вишна
Познато е дека нивниот сок помага во квалитетот на сонот. Научниците откриле дека го зголемува нивото на мелатонин во телото, но имајте на ум дека сокот содржи многу шеќер. Подобар начин е да јадете вишни.
Гоџи бобинки
Се произведуваат од растение кое потекнува од Кина, а веќе се познати по нивниот ефект против стареење. Поради мелатонинот што го содржат, можат да помогнат во регулирањето на сонот.
Јајца
Тие се најдобриот извор на овој хормон од сите животински извори. Патем, тие се и многу хранливи и содржат протеини, железо и многу други есенцијални хранливи материи.
Млеко
Топлото млеко е традиционален „лек“ за несоница, но тоа не е само во бајките. Млекото навистина е богато со мелатонин.
Риба
Рибата е подобар извор на мелатонин од месото. Најдобар избор се лососот и сардините, кои исто така ви обезбедуваат омега-3 масни киселини.
Јаткасти плодови
Повеќето од нив се богати со ова соединение, а најмногу го има во ф’стаците и бадемите. Тие се и одличен извор на бројни антиоксиданси и минерали.
Leave a comment