Советничката група „Независни од Карпош“ бараат да се укинат рестрикциите на уличното осветлување низ општината. Советничката Невена Горгиевска на 17 јули поднесе барање за точка на дневен ред да се стави предлог- одлука за укинување на рестрикциите на улично осветлување.
Од Општината одговориле дека наредната седница на Советот ќе се одржи после годишните одмори односно на 30 август. Тоа значи дека дотогаш за ова барање не може да се дискутира.
Општина Карпош почна со рестрикции на осветлувањето за време на енергетската криза. Тогаш градоначалникот Стевчо Јакимовски кажа дека сметките се многу големи и тоа е единствен начин да се заштеди, во спротивно ќе треба граѓаните да плаќаат повеќе за улично светло.
Додека се одлучи дали ќе се укинат рестрикциите од Општина Карпош информираат дека почнале да ги менува оштетените и прегорени улични светили. Како што велат од Општината во текот на следните неколку дена службите ќе вршат редовен сервис и промена на прегорени улични светилки, а вчера се работело на сервисирање на уличното осветлување во месните заедници Влае 1, Карпош 1 и Карпош 3.
Leave a comment