АКТУЕЛНО

АЕРОДРОМ: Одржани завршните подготовки за 45-от Илинденски коњички марш

Во пресрет на 120-годишнината од големиот македонски празник Илинден, вчера низ улиците на општина Аеродром се одржаа последните подготовки на Илинденската коњаница, која оваа година по 45-ти пат традиционално ќе маршира до Крушево.
На подготовките присуствуваше и градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој напомена дека овие настани кои се од големо значење за македонската култура и традиција, секогаш ќе добиваат поддршка од него и Општината.
„Илинденското востание го означува почетокот на нова фаза во развојот на македонското ослободително движење и има посебно значење во историјата на македонскиот народ. Овој празник не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава и на сите оние кои со своите дела и подвизи трајно се вградиле во овој чин“, напиша градоначалникот Муцунски на својот Фејсбук профил.
Оваа година, откако Министерството за култура одлучи да ја запре поддршката за здружението „Илинденски коњички марш 1978“, единствен генерален спонзор и финансиски покровител на настанот е Општина Аеродром.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Општина Бутел ќе биде покровител на документарецот за еден од најголемите олимписки спортисти Шабан Трстена

На предлог на градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, а со едногласна...

АКТУЕЛНО

5 нови патеки на Скопска Црна Гора спремни за различен тип на луѓе и скроени за различни годишни времиња

Општина Гази Баба известува дека е реализиран проект со кој се создавани...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: 62 решенија по 7.000 денари за семејствата со новороденче во Центар

62 решенија за новороденчиња на барателите за остварување на правото за користење...

АКТУЕЛНО

Поради инаетот на Арсовска, сега ЈСП ќе плаќа и камати за долгот кон приватните превозници

Јавното сообраќајно претпријатие никако да ја заврши финансиската голгота со приватните превозници,...