ИНФО

Паднати дрва и бандери, оштетени кровови и коли во вчерашното невреме

Вчерашното невреме во Скопје предизвика оштетувања на кровни конструкции, на повеќе места беа паднати дрва и бандери со кабли,. На бројот 112 во Центарот за управување со кризи стигнале 40-тина повици. Триесетина од нив се однесувале на паднати дрва на различни локации во градот кои го попречуваат движењето на граѓаните и одвивањето на сообраќајот, паднати бандери со струјни и телефонски кабли.

Покрај во Скопската котлина, невреме со поинтензивни процеси попладнето ги зафати и Пробиштип, Виница, Кочани и Кратово,.

Како што најави Управата за хидрометеоролошки работи денес ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува девет.

„До среда ќе се задржи многу топло време со високи утрински и дневни температури, како и многу висок УВ индекс. Најтопло ќе биде во вторник и во среда, кога ќе дува засилен југозападен ветер. Значителна промена ќе има во четврток, кога ветерот ќе се промени во северен, а дневната температура ќе се намали за десетина степени“, велат од УХМР.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Изложба на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ

Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот...

ИНФО

Утре бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на...

ИНФО

Шалтерите на Водовод денес и утре со скратено работно време

Денес, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието Водовод и канализација ќе работат...

ИНФО

Посебен режим на сообраќај денес и утре

Денес (среда) во период од 13 часот, па сè до завршување на...