Центарот за европски стратегии Евротинк вечерва со почеток во 18 часот, во просториите на Општина Бутел ќе ја одржи презентацијата на Локалната младинска стратегија на Општина Бутел 2023 – 2028 година. Тоа е и завршниот настан во рамки на проектот „Општина Бутел отворена за младите“.
Настанот ќе биде отворен за сите заинтересирани граѓани, а ќе бидат присутни сите засегнати страни кои на директен или индиректен начин учествуваа во реализацијата на Стратегијата, како и на активностите и целите на проектот „Општина Бутел, отворена за младите“, велат од Евротинк.
Проектот започна со спроведување на 1 септември 2022 година, а е финансиран од Европската Унија во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″ спроведуван од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА.
Leave a comment