Најтрофејниот фудбалски клуб во земјава „Вардар” ќе добие финансиска помош од Град Скопје. На последната седница на Советот на Град Скопје беше прифатена иницијативата на советникот од ЛДП Никола Пановски, да се издвојат пари од буџетот за клубот кој се соочува со финансиски потешкотии.
Иницијативата беше едногласно прифатена со 34 гласа „за“ и 1 „против“. Со тоа Советот ја задолжи градоначалничката Данела Арсовска да обезбеди средства од буџетот и на наредната седница да се донесе одлука.
Советот за спорт на Либерално демократската партија, препознавајќи ја итната потреба за колективна акција и единство ја предводеше оваа иницијатива по барање на навивачката група на Вардар- Комити, а со цел да се обезбеди опстанок и просперитет на фудбалскиот клуб, кој во последно време се соочува со сериозни предизвици.
Leave a comment