АКТУЕЛНО

ПРОЕКТАНТОТ НА МОСТОТ „БЕЛАСИЦА“ АЛАРМИРА: Не може со снимка од дрон да се испитуваат каблите за преднапрегање

Не може со трон да се оцени дали каблите за преднапрегање на мостот „Беласица“ се оштетени, смета проектантот на мостот Вукан Њагуљ. Тој во интервју за државната агенција МИА вела дека се неопходни испитувања на лице место и дополнителни пресметки. Според него, улогата на средишната плоча на мостот за негово правилно функционирање во ниту еден случај не може да се смета за споредна.

„Напротив, со тоа што ги поврзува главните сандачести носачи во една целина таа значително ги намалува влијанијата во нив при несиметричното сообраќајно оптоварување. Ова може да се докаже со соодветна статичка пресметка, онака како што е направено и во главниот проект“ вели Њагуљ.

Мислењето дека мостот е во ред само затоа што во моментот стои и затоа што можеби би издржал некое пробно оптоварување, според Њагуљ, не е во согласност со основните особини на сите градежни материјали.

„Тоа конкретно подразбира дека мостот не е сигурен доколку поради пожарот дошло до губиток на силата на преднапрегање и како последица на тоа до пораст на напрегањата на затегнување во бетонот преку границите дефинирани со проектот. Во такви околности мостот наизглед сигурно ќе стои се додека носивоста на бетонот на затегнување поради замор не се намали на ниво кое ќе овозможи појава на статички неконтролирани пукнатини што ќе доведе до загрозување на стабилноста на конструкцијата. Или грубо кажано – мора да се знае зошто мостот стои“ појаснува Вукан.

Додава дека би сакал да го види извештајот како човек кој целиот работен век се занимава со мостови, особено како проектакт на мостот „Беласица“.

„За жал, немав прилика да го погледнам Извештајот, а како некој кој целиот свој работен век, па и повеќе, се занимава со мостови и особено како проектант на овој мост навистина би сакал да ја имам таа можност“ вели Њагуљ, додавајќи дека поради тоа неговите заклучоци се креирани врз основа на информациите објавени во јавноста.

За потребата од подлабински истражувања алармираше и професорот Горан Марковски веднаш откако Институтот го достави Извештајот до Град Скопје. Марковски, инаку декан на Градежниот факултет при УКИМ во Скопје, имаше посочено дека подлабинско истражување ќе придонесе за намалување на ризикот и полесно предвидување на наредните чекори.

Експертизата за опожарениот мост „Беласица“ ја направи приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени и таа е доставена до Град Скопје. Директорот на Институтот, професор Михаил Гаревски тогаш рече дека од визуелната инспекција не е забележана изложеност на каблите за преднапрегање ниту на еден дел од мостот, туку дека тие се скриени со заштитниот слој на бетон.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Општина Бутел ќе биде покровител на документарецот за еден од најголемите олимписки спортисти Шабан Трстена

На предлог на градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, а со едногласна...

АКТУЕЛНО

5 нови патеки на Скопска Црна Гора спремни за различен тип на луѓе и скроени за различни годишни времиња

Општина Гази Баба известува дека е реализиран проект со кој се создавани...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: 62 решенија по 7.000 денари за семејствата со новороденче во Центар

62 решенија за новороденчиња на барателите за остварување на правото за користење...

АКТУЕЛНО

Поради инаетот на Арсовска, сега ЈСП ќе плаќа и камати за долгот кон приватните превозници

Јавното сообраќајно претпријатие никако да ја заврши финансиската голгота со приватните превозници,...