КУЛТУРА

Антологија „Скопски вознеси“ по повод 60-годишнината од скопскиот земјотрес

Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје ја објави антологијата „Скопски вознеси“, со која се одбележува 60-годишнината од скопскиот катастрофален земјотрес. Изборот на поетите и нивните песни го направи Христо Петрески, кој го напиша и поговорот на книгата, а Кристина Николовска е автор на обемниот предговор.

Во антологијата се застапени 36 поети, меѓу кои и: Жарко Кујунџиски, Стефан Марковски, Владимир Мартиновски, Марина Мијаковска, Елена Пренџова, Виолета Танчева – Златева, Васил Тоциновски, Иван Џепароски и други.

Во поговорот, меѓу другото се подвлекува дека оваа книга се објавува точно по шеесет години од катастрофалната земјина катаклизма. Беше тоа земјотрес на почвата, но и во душата и срцето. Се откорна и откина се што можеше да се откорне и откине. Грозомор – како што ја насловил својата песна Ацо Шопов за она што ја снајде Македонија и македонскиот народ. Поетите, како и птиците, сега вознесено и надалеку ја шират својата песна. Градот Скопје е извор и вруток, заклучува Петрески.

Кристина Николовска во својот критичко-есеистички текст со наслов Град-книга, ќе запише: И го има и го доживуваме славното ни Скопје како стиховен Скопски вознес, како радост на живеењето, како слава на постоењето, како поетска ода, химна на градот-Феникс, како славна песна на прераѓањето, како снажен симбол за обновата, како светски симбол за хуманост, синергија и нова енергија… Како метафора за птицата Феникс, но и како сјајно книжевно дело на издавачката куќа „Феникс“. Ете, такво ни Скопје расте од оваа прекрасна и снажна стиховница која со стих нè израдува, та вдоми цел „град“ стихови понесени од својот град.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Седмо издание на „Винодонија“ на 8. и 9. декември во Скопје

На 8 и 9 декември во Скопје ќе се одржи седмото издание...

КУЛТУРА

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ во Драмски театар Скопје

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ вечерва ќе се одржи во Драмскиот...

КУЛТУРА

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе се изведе на сцената на Националната...

КУЛТУРА

Објавен конкурс за наградата „Маџирмаалски поетски бранови“

Извршниот одбор на традиционалните „Маџирмаалски поетски средби“ и Комисијата за  Комисијата за...