Во дворот на ООУ “Живко Брајковски” на местото на разрушениот и пропаднат објект во завршна фаза со изградба е новиот рекреативен центар со нов плоштад, нов парк и детски содржини.
Во завршна фаза е холтикултурното уредување и ново зеленило кое ќе го разубави овој простор.
Новиот парк ќе се протега на површина од 2.000 м2, а новиот плоштад кој воедно е и прв во општина Бутел на 500 м2. Покрај тоа новиот рекреативен комплекс содржи и ново детско катче за најмладите како и нова пешачка патека која го поврзува плоштадот со училиштето, а ќе се постави и ново осветлување.
Во склоп на плоштадот за прв пат се изгради и амфитеатар кој жителите ќе можат да го користат за разни манифестации.
Leave a comment