Советот на Општина Центар вчера го изгласа новиот Детален урбанистички план за Стара железничка станица. Со него ТЦ „Рамстор“ доби можност за проширување на паркингот, а КАМ зголемена катност на 23 метри.
Советниците од „Шанса за Центар“ кои беа против овој план рекоа дека гласањето е нова победа на нескротливите апетити и инвеститорскиот урбанизам во Центар.
„Намерата беше со планот да се реши само потребата на жителите на ќошот од просторот кон Водњанска. Но, инвеститорскиот урбанизам победи и се задоволи алчноста на малкумина дополнето со интервенции од повисоко. На 60 година од земјотресот, коалицијата во советот си изгласа ДУП-от со неточни податоци за заштита од урнатини. Лекциите не ги научивме, а инвеститорскиот урбанизам го победи јавниот интерес и ги остави загрозени скопјани“, велат „Шанса за Центар“.
Leave a comment