МАГАЗИН

МЕКДОНАЛДС ПЛАТИ 800.000 ДОЛАРИ НА ДЕВОЈЧЕ КОЕ СЕ ИЗГОРЕЛО СО ПАРЧЕ ПИЛЕШКО

Судот на Флорида (САД) пресуди дека „Мекдоналдс“ мора на осумгодишно девојче да му плати отштета од 800.000 долари, откако таа се здобила со тешки изгореници кога парче пилешко од посебниот „Хепи мил“ (среќен оброк) ѝ паднало на ногата.

Несреќата се случила 2019 година, кога тогаш четиригодишната Оливија Карабало го отворила својот оброк во автомобил во возење. Нејзиното семејство бараше отштета од 15 милиони долари, а судот во мај утврди дека „Мекдоналдс“ е одговорен за повредата на девојчето. Беше покажано и дека девојчето има лузна од изгореницата, како и фотографии од „нејзиното врескање во тој миг“ и дека тужителите сакаат тоа да исчезне, т.е. да се отстрани белегот.

Адвокатскиот тим на семејството изјави дека „оваа одлука е значајна“.

„Среќна сум што Судот го слушна гласот на Оливија и што поротата успеа да донесе правична пресуда“, изјави мајката на девојчето, Филана Холмс.

Адвокатите на „Мекдоналдс“ пред Судот тврдеа дека семејството треба да добие 156.000 долари, бидејќи, како што велат, девојчето имало болки „само три недели“, по што раната ѝ зараснала и оти таа сè уште оди во нивните ресторани.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИНПРИКАЗНИ

Зоолошката градина во Загреб – волшебен микросвет кој плени со својата хармонија

Зоолошката градина на градот Загреб е една од трите зоолошки градини во...

МАГАЗИН

Жителка на Уганда родила близнаци на 70 години

Државјанка на Уганда, која има 70 години, родила близнаци, по вештачко оплодување....

МАГАЗИН

Пет совети кои ќе и помогнат на вашата кожа да изгледа понежно оваа зима

Зимското време има тенденција да ја остави нашата кожа сува и ронлива....

МАГАЗИН

Дали треба да ги прифатиме сите интернет колачиња? Еве на што треба да обрнете внимание

Автоматски да се прифатат сите интернет колачиња? Ако ја цените вашата приватност...