АКТУЕЛНО

ОПШТИНА ЦЕНТАР: Инспекцијата ги лови сите неправилности и казнува за разлика од минатото

Според шест месечната анализа на Секторот за инспекциски работи при Општина Центар во периодот од 01.01.2023 до 30.06.2023 година биле донесени 235 записници во кои спаѓаат редовните, вонредните и контролните надзори од страна на инспекторите наспроти истиот период минатата година кога тој број изнесувал 95 записници.

Според изготвениот извештај од Секторот за инспекциски работи во работата на комуналните редари изречени се 122 прекршочни платни налози наспроти минатата година кога никој не бил казнет. Исто така од страна на инспекторите поднесени се и 69 барањата за поведување прекршочни постапки наспроти нула поведени прекршочни постапки за истиот период минатата година.  Има зголемување и во однос на донесени решенија од страна на инспекторите 81 наспроти 57 минатата година.

Во рамки на Секторот за инспекциски работи ангажирани се 1 комунален инспектор и 3 комунални редари, 1 градежен инспектор, 1 инспектор за домување и 1 инспектор за животна средина. Со овие ресурси и доброто менаџирање Секторот покажува високи резултати при евидентирање на неправилностите и постапување по истите.

„Ветив чести инспекциски контроли во сите сегменти на локалната самоуправа за што сведочат и овие бројки од шестмесечниот извештај од Секторот за инспекциски работи. Општина Центар за шест месеци има донесено 140 записници повеќе. Колегите на терен ја евидентираа секоја неправилност која треба да се исправи од страна на прекршителите и тоа мора да важи за сите. Граѓаните заслужуваат правда и хумано живеење. Прекршувањето на законите важи за сите нас затоа во Општина Центар ќе настојувам тоа да се применува“, смета Герасимовски.

Општина Центар известува дека засилените надзори и контроли ќе продолжат и во следниот период со цел граѓаните да внимаваат на пропишаните правила и законски одредби.

„Секој оној кој нема да ги почитува и ќе направи било какви отстапки ќе биде санкциониран“, дециден е Герасимовски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ победник на ораторската вечер „Иво Пухан“

Студентката Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и...

АКТУЕЛНО

Ќе се постават 15 велосипедски паркинг- држачи во основните училишта и две сервисни станици

Основните училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе добијат велосипедски паркинг-...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието

Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот...

АКТУЕЛНО

За една недела „пајакот“ крена 224 непрописно паркирани возила во Центар

За една недела на територија на општина Центар казнети се 224 возачи...