МАГАЗИН

Се снима филм за Снежана и седумте „магични суштества“

Продукциската куќа „Дизни“ го снима новиот игран филм „Снежана“, што во кината треба да се прикажува идната година.

Улогата на Снежана и е доделена на Рејчел Зеглер, а „Злобната кралица“ ќе ја глуми Гал Гадот. Во другите улоги ќе се појават Ендрју Брнап, Кејти Хардвик, Миса Којде, Дажона Гифт, Дин Нолан, Џошмејн Џозеф и други. Режијата е на Марк Веб, а оригиналното сценарио за цртаниот филм од 1937 година го напишаа Дороти Ен Бланк, Ричард Кридон и Мерил де Марис.

„Дизни“ ги отстрани „џуџињата“ (луѓето со низок раст) од приказната, бидејќи самиот назив „џуџе“ одамна е проблематичен, како што се наведува. Наместо првичните седум пријатели, во новиот филм со Снежана ќе ги има „седум магични суштества“ кои ќе припаѓаат на различни расни, полови и етнички групи.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Со над 15.000 монети маж на Кипар отишол да плати судска казна од 500 евра

Со куфер полн со 15.500 монети од по еден, два, пет и...

МАГАЗИН

Угина Мали – „најтажната слоница на светот“

Слоницата Мали која активистите за природата ја нарекоа „најтажната на светот“ угина...

МАГАЗИН

Потопен древен град – туристичка атракција во источна Кина

На длабочина од 40 метри, дното на езерото Ќијандао во Кина сведочи...

МАГАЗИН

Нова опција на „Ајфон“ потенцијално опасна за децата

Најновата верзија на оперативниот систем за телефоните и таблетите на „Епл“, како...