РИТАМ НА ГРАДОТ

Промоција на „Сложувалка“ – прва стихозбирка на Васил Ханџиски

Во кафе-книжарница ,,Буква” вечер од 20:30 часот ќе биде промовирана првата стихозбирка на младиот поет Васил Ханџиски насловена „Сложувалка“, во издание на „ПНВ Публикации“.

Збирката поезија ќе ја промовира Андреј Медиќ Лазаревски, кој во рецензијата вели дека дебитантската стихозбирка на Ханџиски е сложувалка од теми посветени на првите искуства на секој млад човек и дека е своевидна панорама на она што значи младоста.

„Првите љубови и разделби, првите средби со градските ликови, фрустрациите од општеството. Поделена во пет делови, стихозбирката „Сложувалка“ е рефлексија на љубовта, домот и неговото напуштање, градовите и луѓето во нив, странствувањето и осаменоста, љубовта кон девојката, но и кон ракијата. Авторот ги поставува стандардните младешки прашања поврзани со овие теми, се осврнува на личните чувства, но и во неколку наврати упатува критика кон ова „општество што тоне во бездна““, пишува Андреј Медиќ Лазаревски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“ на Елеора Венинова

Вечерва со почеток од 20 часот во Киноверзум – Дом на култура...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Голема ретроспективна изложба на сликарот Мирослав Масин е поставена во Даутпашин амам

Ретроспективната изложба на извонредниот македонски сликар и еден од ретките боеми кај...

АКТУЕЛНОРИТАМ НА ГРАДОТ

Утре започнува „Статуафест“

Утре (16. мај) со почеток од 18:30 започнува „Статуафест“, а истиот ќе...

РИТАМ НА ГРАДОТ

„ВИДИК“ — нов фестивал во организација на Литература

Утре во Кафе Книжарницата „Литература“, заочнува новиот фестивал „ВИДИК“  организација на Literatura.mk....