АКТУЕЛНО

Данела го казни Тимчо со 88.000 евра оти направил депонија на јавна површина

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски ќе треба да плати казна од 88.000 евра, оти фрлал ѓубре на јавна површина. Денес, Град Скопје и ја изрече оваа парична казна на Општина Аеродром и градоначалникот Муцунски затоа што, како што стои во соопштението од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска „Општина Аеродром преку компанијата “Пирамид Билдинг” ангажирана на тендер, наместо на депонијата „Дрисла”, ѓубрето го исфрлала на зелена површина, во парк во близина на управната зграда на ФФМ, со што направиле нова дива депонија“.

„Рокот за подмирување на казната е 8 дена од денот на изрекувањето, во спротивно истата присилно ќе се наплати. Дополнително, против сите прекршители ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави“, наведуваат од Град Скопје.
Од Општина Аеродром пак велат дека до кај нив се уште нема стигнато никаков документ поврзан со оваа парична казна. Отаму велат дека Арсовска не ги познава законите, има ниска политичка култура и монтира целосно неточна прекршочна санкција за Општина Аеродром.

„По евентуалното добивањето на документацијата поврзана со санкцијата, фактот дека таа е целосно неточна ќе го докажеме во соодветна законска постапка пред надлежните институции. Наводите се целосна лага, смислена во центарот за креирање лажни вести и фејк кризи лоциран во бараките на Град Скопје. Воедно, не ја исклучуваме можност за поведување кривична постапка до инспекторите кои изрекле ваква незаконска санкција, како и до сите одговорни лица во градот Скопје, вклучувајќи ја градоначалничката Арсовска“, објаснуваат од Аеродром.
Иста сума на казна минатата недела, скопската градоначалничка му изрече и на градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски за истурање на ѓубрето од камионите за чистење пред „Дрисла“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Со индекс на загаденост 161, воздухот во Скопје е оценет како „нездрав“

Во главниот град  се измерени 161 микрограми на кубен метар ПМ 2,5...

АКТУЕЛНО

Повторно евтина дневна тарифа на струјата за домаќинствата

Домаќинствата почнувајќи од денеска во периодот од 13 до 15 часот повторно...

АКТУЕЛНО

По 60 години се испитуваат магистралните цевководи за Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска, како што стои во соопштението, ја промовирала изработката на...

АКТУЕЛНО

Традиционално осветлување на Новогодишната елка во Скопје Сити Мол

Влезете во светот на чудата во Скопје Сити Мол овој декември. Во 18:30...