АКТУЕЛНО

ВЛАДАТА ЈА ПРЕЗЕМА УНИВЕРЗАЛНА – КОНЕЧНО ЌЕ ПОЧНЕ ДА СЕ ПРАВИ

Универзална сала конечно ќе почне да се реновира. Денес, градските советници донесоа одлука овој објект времено да се отстапи на Министерството за култура и со тоа што поскоро да стартува реконтрукцијата на овој скопски симбол на солидарноста.

Ваквата одлука на советниците значи времено отстапување на корисничко право на објектот Универзална сала од Град Скопје на Влада на РМ, односно на Министерството за култура.

Притоа, се задолжува градоначалникот на Град Скопје и службите во рок од седум работни дена да подготват предлог-олдука за времено отстапување на Универзална сала на Министертсвото за култура и тој предлог да го достават до Советот на Град Скопје на првата наредна седница.

Се задолжува и градоначалникот на Град Скопје да подготви договор за промена на инвеститорот на Универзална сала од Град Скопје во Министерство за култура.

За одлуката гласаа 26 советници, тројца беа против и еден воздржан.

Реконструкцијата на Универзална сала повеќе од една година стои во место, откако градоначалничката Данела Арсовска реши овој проект да не го продолжи. За реконструкцијата на овој важен објект за Скопје но и за целата држава, обезбедени се средства во износ од 120 милиони денари од Владата, од кои искористени се само околу 40 милиони, што значи дека за овој проект на располагање се уште 80 милиони денари.

Универзална сала која е затворена 7 година почна да се реконструира во септември 2021 кога градоначалник беше Петре Шилегов. Проектот предвидува реконструкцијата да се одвива во два фази, прво надворешностата на објектот, а потоа внатрешноста. За првата фаза се обезбедени 2 милиони евра од Владата и префрлени на наменска сметка на Град Скопје, а на почетокот на градежните работи беше кажано дека ќе биде готова до 2022.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Лицата со попреченост може да поднесуваат барања за повластено користење на јавниот превоз

Заинтересираните граѓани, лицата со оштетен вид, лицата со оштетен слух, лицата со...

АКТУЕЛНО

Аеродром станува првата смарт-општина во Македонија – објавен повикот за избор на стратешки партнер

Општина Аеродром го објави повикот на избор на стратешки партнер кој преку...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош купи седум електрични тротинети за потребите на вработените

Општина Карпош, со издвоени средства од Буџетот набави седум нови електрични тротинети...

АКТУЕЛНО

Жирафата Флопи угинала како последица на малиген тумор на црниот дроб и метастази во белите дробови

По добиените официјални резултати од обдукцискиот протокол за угинувањето на жирафата Флопи,...