АКТУЕЛНО

Општина Центар ги мие улиците и контејнерите

Општина Центар продолжува со интензивно одржување на јавната хигиена, миење и чистење на улиците, контејнерите и урбаната опрема. Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски најави наводнување на садниците и миење на улиците и контејнерите доцна попладне особено за време на екстремно високите температури. Денеска цистерната ги миеше улиците и контејнерите зад Универзалната сала, во населба Буњаковец и кај школото „Јохан Хајнрих Песталоци“, а утре ќе продолжи во Дебар Маало.

„Години наназад не ги гледаме градските цистерни по улиците кои ја миеја прашината и ги освежуваа улиците. Прашината која не ја гледаме но ја дишеме всушност е дел од севкупното загадување и затоа е неопходно нејзино миење. Цистерната на ЈП „ПОЦ“ секое утро и попладне особено за време на овој бран со екстремно високи температури ќе поминува во сите населби и ќе ги мие локалните улици. Одржувањето на јавната хигиена мора да продолжи затоа денеска попладне цистерната беше активна во Буњаковец“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Цистерната на Општина Центар активно ги миеше улиците и минатата недела кога градоначалникот Герасимовски најави самостојно чистење на општината поради застојот на работата во градското претпријатие „Комунална хигиена“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Со индекс на загаденост 161, воздухот во Скопје е оценет како „нездрав“

Во главниот град  се измерени 161 микрограми на кубен метар ПМ 2,5...

АКТУЕЛНО

Повторно евтина дневна тарифа на струјата за домаќинствата

Домаќинствата почнувајќи од денеска во периодот од 13 до 15 часот повторно...

АКТУЕЛНО

По 60 години се испитуваат магистралните цевководи за Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска, како што стои во соопштението, ја промовирала изработката на...

АКТУЕЛНО

Традиционално осветлување на Новогодишната елка во Скопје Сити Мол

Влезете во светот на чудата во Скопје Сити Мол овој декември. Во 18:30...