АКТУЕЛНО

СМО: Ноќните температури ќе надминат 30 степени, што е лошо за здравјето

„Топлотниот бран што ја погоди северната хемисфера ќе се засили оваа недела и ќе доведе до покачување на ноќните температури и до зголемен ризик од срцеви удари и смртни случаи“, објави Светската метеоролошка организација (СМО).

Оттаму предупредуваат дека топлотниот бран е во својата рана фаза и се очекува температурите во Северна Америка, Азија, северна Африка и во јужна Европа да бидат над 40 Целзиусови степени поголем број денови.

„Тоа може да значи дека полноќните температури во некои области ќе бидат над 30 степени оваа недела. Повторувањето на високите ноќни температури е особено опасно за човечкото здравје зашто телото не може да закрепне од постојаната топлина. Тоа води кон зголемен ризик од срцеви удари и смртни случаи“, изјави Џон Нерн, виш советник за екстремна топлина во СМО.

Од Меѓународниот црвен крст кажаа дека во најголем ризик се доенчињата, старите и луѓето со хронични здравствени проблеми.

Експертите велат дека минатата година во Европа починале над 61.000 луѓе поради горештините.

СМО предвидува нови рекордно високи температури во следните денови. Европскиот рекорд е 48,8 степени, измерени на Сицилија во 2021, а светскиот изнесува 56,7 степени, колку што било регистрирано во Долината на Смртта во Калифорнија во јули 1913.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Лицата со попреченост може да поднесуваат барања за повластено користење на јавниот превоз

Заинтересираните граѓани, лицата со оштетен вид, лицата со оштетен слух, лицата со...

АКТУЕЛНО

Аеродром станува првата смарт-општина во Македонија – објавен повикот за избор на стратешки партнер

Општина Аеродром го објави повикот на избор на стратешки партнер кој преку...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош купи седум електрични тротинети за потребите на вработените

Општина Карпош, со издвоени средства од Буџетот набави седум нови електрични тротинети...

АКТУЕЛНО

Жирафата Флопи угинала како последица на малиген тумор на црниот дроб и метастази во белите дробови

По добиените официјални резултати од обдукцискиот протокол за угинувањето на жирафата Флопи,...