За цела Македонија моментално е на сила портокалово предупредување, а од Управата за хидрометеоролошки работи постојано ги алармираат граѓаните на топлотниот бран. Издадени се бројни предупредувања за мерки на претпазливост, бидејќи ваквото време може да го загрози здравјето, но и животот.
Здравствените проблеми како малаксалост, дехидрација или осцилации во крвниот притисок најчесто ги погодуваат чувствителните групи како што се малите деца, хроничните болни, повозрасните лица, како и оние кои работат на отворен простор. Поради тоа, се поголем е бројот на случаи во Брзата помош.
Во текот на вчерашниот ден е забележан зголемен број на извршени интервенции за разлика од викендот. Според д-р Милица Бубало, раководител на Итната медицинска помош, имало пет колапси и седум сообраќајни несреќи. До 12 часот се реализирани 36 интервенции“, вели д-р Бубало и додава дека се работи за пациенти во несвест, покачен крвен притисок…
Од пред викендот кога почна топлотниот бран, во просек до Итната медицинска помош имало 250 до 350 повици.
Препораките до граѓаните се вообичаени за вакво време, да се носи светла облека, да се консумира многу течности, да се избегнува извршување работи на отворено.
Имајќи предвид дека денеска и вчера е зголем бројот на сообраќајни несреќи, д-р Бубало апелира до возачите да ги почитуваат собраќајните правила и прописи. Топлото време, вели таа, влијае и на управувањето на возилата, велосипедите, мотоцицклите…, но возачите треба да се воздржуваат од нервоза и напнатост.
„Со оглед на тоа да внимаваат при управувањето на автомобилите, велосипедите, тротинетите…, изјави д-р Бубало.
Leave a comment