МАГАЗИН

Има 101 година и сѐ уште го работи она што ја прави среќна

Џејн Барнс од САД има 101 година, па го споделува својот рецепт за долг и среќен работен век. Имено, таа четирипати неделно наутро се вози по 20 минути од нејзиниот дом во Синсинати до Мејсон, Охајо, за својата кратка смена во дуќанот каде што е вработена 26 години и тоа ѝ е еден од омилените начини да си го минува времето.

„Уживам во ова што го работам и сакам да продолжам со тоа. Ќе работам додека можам или додека ме сакаат овде“, изјави Барнс за „Си-ен-би-си“.

Џејн првично работела како книговодителка, пред првите обиди за пензионирање во 70-тите. Но, по неколку месеци во пензија, таа повторно почнувала со работа, бидејќи ѝ „недостигал ручекот со колегите“, како што вели. Таа на 26 јули ќе наполни 101 година. Во текстилната работилница почнала да работи по смртта на нејзиниот сопруг Дик. Ќерка и Дона тогаш работела со скратено работно време и ја препорачала мајка сѝ, за да ѝ биде корисно по смртта на сопругот.

„Запознавам и многу љубезни купувачи. Некои од нив се изненадени кога ме гледаат на маса како сечам текстил„, додаде таа.

Џејн смета дека нема тајна за долг и среќен живот, но работата ѝ помогнала во тоа… Како што вели, важно е да се најдат добронамерни, љубезни и дружељубиви луѓе околу себе.

„Зафатеноста со работа Ве оттргнува од сосредоточеноста на болката. Тоа е она што го олеснува тоа“, рече таа.

А, нејзиниот совет го потврдува и едно 85-годишно истражување на Универзитетот Харвард што посочува дека позитивните меѓучовечки односи се она што ги прави луѓето среќни во животот воопшто, а тоа важи и за односите на работа.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Најчитани статии на Википедија за 2023 година: ChatGPT е на врвот со 49 милиони прегледи

Милиони ширум светот се обраќаат до бесплатната онлајн енциклопедија „Википедија“ за полесно...

МАГАЗИН

Девојката која не постои, ја објави својата прва песна

Виртуелниот ентитет Ана Индијана на својот простор на социјалната мрежа „X“ ја...

МАГАЗИНПРИКАЗНИ

Зоолошката градина во Загреб – волшебен микросвет кој плени со својата хармонија

Зоолошката градина на градот Загреб е една од трите зоолошки градини во...

МАГАЗИН

Жителка на Уганда родила близнаци на 70 години

Државјанка на Уганда, која има 70 години, родила близнаци, по вештачко оплодување....