Вчера во периодот од 18 до 23 часот казнети се 41 возач при акциска контрола во областа на сообраќајот на територија на општина Кисела Вода и Сопиште.
„Санкционирани се 18 возачи за возење повеќе од дозволената брзина, три за возење без возачка дозвола, а на четири им се изречени мерки за измината важност на возачката дозвола“, информираат од МВР.
Од МВР велат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.
Leave a comment