МАГАЗИН

„Ајфон“ од првата генерација продаден за над 190.000 долари

На настанот „Макворлд“ во 2007 година, сега починатиот директор на „Епл“, Стив Џобс тогаш го претстави „Епл ајфон“ – револуционерен уред којшто ја промени историјата на дигиталната технологија.

Во тоа време, основниот модел со четири гигабајти меморија чинеше 500 долари, а верзијата од осум ГБ – 600 долари со двегодишен договор со „АТ&Т“. Примероците од првиот модел денес чинат многу повеќе. Во февруари, на пр., таков „Ајфон“ на наддавање беше продаден за 63.000 долари, по почетна цена од 2.500 долари, и тоа како уред во неотворено пакување.

За „новиот“ стар „Ајфон“ во кутија, со четири ГБ меморија, понуден преку „Ел-си-џи окшнс“, којшто првично се очекуваше да достигне цена меѓу 50.000 и 100.000 долари со почетна цена од 10.000 долари, на крајот купувачот платил дури 190.372 долари.

Очигледно, овие денескa ретки примероци од првата генерација „Ајфони“ се сметаат за „свет грал“ меѓу колекционерите.

Инаку, „Епл“ го прекина производтвото на моделот со четири ГБ на 5 септември 2007 година, два месеци откако уредот се појави на пазарот. Интересно, денеска, првично помалку успешниот „Ајфон“ со осум ГБ меморија, сега чини три до четири пати повеќе од првиот модел.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Нова опција на „Ајфон“ потенцијално опасна за децата

Најновата верзија на оперативниот систем за телефоните и таблетите на „Епл“, како...

МАГАЗИН

„Гугл“ почнува со бришење неактивни мејл-адреси и профили

„Гугл“ во декември ќе почне со бришење милиони профили на услугите „Г-мејл“,...

МАГАЗИН

Намирници што не треба да се подгреваат во микробранова печка

Микробрановата печка е корисен уред за брзо подгревање храна, а може да...

МАГАЗИН

Недостигот на витамин Б12 може да предизвика и когнитивни проблеми

Веројатно една од најважните хранливи материи за човековото тело е витаминот Б12,...