АКТУЕЛНО

Антикорупциска бара кривична за Арсовска оти незаконски ги поставила в.д. директорите на Зоолошка и МКЦ

Незаконски се поставени в.д. директорите на Зоолошка градина и Младински културен центар (МКЦ) Драган Илиевски и Никола Алексов, смета Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). На денешната седница членовите на Комисијата ги разгледуваа назначувањата на в.д. директорите во двете културни институции на Град Скопје.

„ДКСК констатира дека пријавата и документите ги содржат потребните акти со кои се утврдува наведената постапка, ваквото постапување на градоначалникот на Град Скопје упатува на преземени активности за именување на лице за вршител на должност на јавна установа спротивно на членот 34 став 1 од Законот за култура“, појасни претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска.

Според законот за в.д. директор на културна институција може да биде назначено само лице од редовите на вработените.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...