АКТУЕЛНО

ЈСП бара милионскиот долг да му го покрие Градот

На наредната седница на Советот на Град Скопје, која е закажана за в четврток, советниците ќе треба да дадат согласност за одлуката за покривање на загубата на претпријатието од страна на неговиот основач – Град Скопје. Минатата година ЈСП ја завршило со вкупни приходи од 1.699.251.767 денари и со расходи во износ од 2.083.150.133 денари.

Веќе вообичаено, ЈСП „Скопје“ и минатата година ја завршило со загуба, но овој пат таа е речиси двојно поголема отколку во претходната 2021 година. Загубата сега треба да ја покрие Град Скопје, доколку советниците на седницата која ќе се одржи во четврток ја изгласааат одлуката.

Загуба на ЈСП за минатата година е 383.928.366 денари и досега е непокриена. Во текот на 2023 основачот да најде начин за покривање на загубата со оглед дека се исцрпени законските резерви на ЈСП, па согласно Законот за јавните претпријатија Основачот да изврши докапитализација на претпријатието – пишува во предлог одлуката за која треба да се изјасни градскиот Совет.

Во 2022 година, според извештајот, ЈСП остварил вкупни приходи од 1.699.251.767 денари, а вкупните расходи биле 2.083.180.133.

Што се однесува на загубата што ја направило претпријатието, во 2021 година таа била 205.318.424 денари, односно 3,3 милиони евра, а наредната година таа е речиси двојно поголема, па ЈСП „Скопје“ 2022 година ја завршило со минус од дури 6,2 милиони евра.

Со оглед на моменталната состојба на претпријатието, се чини дека скопјани се сѐ подалеку од можноста некогаш да добијат бесплатен превоз, кој исто така би требало да се плаќа од градскиот буџет. Ако во услови кога граѓаните плаќаат за превоз претпријатието секоја година покажува загуби во милионски евра, прашање е колку плус милиони евра би чинело доколку евентуално некогаш се реализира предизборно ветување на градоначалничката Данела Арсовска за бесплатен превоз за сите граѓани.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Лицата со попреченост може да поднесуваат барања за повластено користење на јавниот превоз

Заинтересираните граѓани, лицата со оштетен вид, лицата со оштетен слух, лицата со...

АКТУЕЛНО

Аеродром станува првата смарт-општина во Македонија – објавен повикот за избор на стратешки партнер

Општина Аеродром го објави повикот на избор на стратешки партнер кој преку...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош купи седум електрични тротинети за потребите на вработените

Општина Карпош, со издвоени средства од Буџетот набави седум нови електрични тротинети...

АКТУЕЛНО

Жирафата Флопи угинала како последица на малиген тумор на црниот дроб и метастази во белите дробови

По добиените официјални резултати од обдукцискиот протокол за угинувањето на жирафата Флопи,...