Доколку сте се вратиле од плажа или од екскурзија со црвена, сува и затегната кожа која е болна на допир, тоа значи дека не сте ги почитувале пропишаните мерки за заштита од сонце. За жал, изгорениците од сонце не се забележуваат веднаш, туку обично еден час или повеќе по изложувањето на сонце. Во тој случај, помогнете си за некоја од намирниците што ги имате во вашата кујна или продавница во близина. Покрај тоа што се лесно достапни, овие намирници се многу ефикасни и за поправка на оштетувањата на кожата.
- Прво изладете се
Најважниот третман за изгореници од сонце е да се разладите. Секоја област на изгореницата намачкајте ја со ладна вода или пак ставете ладна облога и држете петнаесет минути. Студот го намалува отокот и ја одвлекува топлината од вашата кожа.
- Зелен чај
Зелениот чај содржи состојки кои помагаат да се заштити кожата од УВ оштетување и да се смират воспаленијата. Сварете зелен чај, почекајте да се излади потоа натопете крпа во чајот и употребете го како обвивка.
Исто така може да се користи и нане за да го смирите црвенилото од сонцето. Можете да направите чај од нане или да додадете две капки масло од нане во чаша млака вода. Изладете ја оваа смеса, натопете мека крпа со неа и нежно намокрете го изгореното место.
- Олеснувачи на болка
Нежно истријте ги особено болните места кои страдале од сонцето со парчиња краставица или компир. И краставицата и компирот содржат соединенија за ладење кои помагаат да се намали отокот.
- Млеко да, масло не!
Многу луѓе сметаат дека ставањето млеко на изгореници има многу благотворно дејство. Млекото има висока содржина на маснотии, но не ги затнува порите како што прави свинската маст. Ако млекото ја лади изгореницата, продолжи и употреби го. Но затоа никогаш не треба да ставате било каков вид на масло, маснотии или други масти, бидејќи тие ја блокираат топлината внатре и буквално ја пржат кожата.
Leave a comment