СЦЕНА

ЗАВРШУВА CINEDAYS: Премиера на „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски

Со македонската премиера на „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски, вечерва во МКЦ парк во 21 часот, завршува 22-от CINEDAYS.

„Сценариото го започнав уште како студент во Париз, во 2002 година, и не очекував дека филмот некогаш ќе го снимам. Кога се вратив во Македонија, повторно налетав на сценариото во една кутија, и го препрочитав од љубопитност. Сфатив дека има добра подлога за филм, и решив да го адаптирам за македонски услови, бидејќи во таа верзија, дејствието се случуваше во Париз. Одамна сакав да направам приказна во која давам коментар за некои социјално релевантни теми, а сето тоа да биде ненаметливо спакувано“, вели Цветановски во пресрет на премиерата.

Филмот „Бизнисот на задоволството“ е трилер – драма каде што со исчезнувањето на најдобрата пријателка, жртва на трговијата со жени, една новинарка подготвува тајна операција со цел да ја разоткрие криминалната мрежа. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола и се борат да спасат жива глава.

Сценариото, монтажата и режијата се на Гоце Цветановски, додека, пак, кинематограф на филмот е Фејми Даут, во продукција на  Македонската крепост, A White River Films, City Star Production, Seven Image и 351 Studio. Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски и Елени Декидис. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм. 

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Викендов „Златно Славејче“ во Филхармонија, гостува познатиот рапер Пајак

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи годинешното издание на реномираниот детски...

СЦЕНА

Омаж за Каталин Ладик и претставата „Слугинки“ вечерва на МОТ

Претставата „Слугинки“ во продукција на Турскиот театар во Скопје вечерва ќе биде...

СЦЕНА

Десетици театарски настани, претстави, предавања и промоции на 48 издание на Младиот отворен театар – МОТ

МКЦ го најавува 48-то издание на Млад отворен театар – МОТ, од...

СЦЕНА

Почна „Скомрахи 2023“, на програмата 25 филма и седум студентски пиеси

Со краткиот филм „Тага“ во режија на Тина Величковиќ и дипломската театарска...