АКТУЕЛНО

Ќе се гради брза пруга Белград-Скопје-Солун

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ кажа дека иницијативата Отворен Балкан е отворена за сите од регионот, особено доколку се понудат добри проекти во кои би се вклучиле и држави кои не се од регионот. Таа нагласи дека интенцијата е да се донесе транзитниот сообраќај од Европа на Балканот.

„Зошто тоа за нас е важно што Хрватска по сите проценки веќе во август или септември ќе се приклучи на овој проект и што Грција сака да се приклучи, затоа што ние сме во конкуренција со останатите земји и патни транзитни правци да го донесеме сообраќајот овде на Балканот. Затоа што тоа е директен придонес на нашиот БДП, што значи економски раст, зголемени плати и повисоки пензии. Добро е што благодарение на овој проект работиме сите заедно да транзитот од целата Европа го повлечеме овде да се одвива преку Балканот“, рече премиерката.

Во однос на проектот „Опен Балкан ИД“ се очекува да почне во август или септември што на граѓаните од овие земји ќе им овозможи преку една лента да патуваат слободно без пасош, лична карта, без да чекаат на граници, што според неа ќе ги мотивира и граѓаните и стопанствениците од останатите земји од Западен Балкан да поттикнат приклучување.

„Очекувам полека сите во рамките на Западен Балкан да се приклучат кон иницијативата Отворен Балкан, а за тоа е потребни ние да имаме што повеќе вакви проекти и да покажеме конкретни придобивки оваа иницијатива и за стопанство и за граѓаните“, кажа премиерката.

Таа посочи дека во јуни завршени се преговорите за капиталниот проект, железничко поврзување на коридорот 10 преку како што нагласи, брза модерна пруга помеѓу Белград, Ниш, Прешево, односно граница со Северна Македонија, до Скопје и понатаму кон Грција.

„Тоа е проект којшто ќе го финансира ЕУ и дел од бесповратните грант средства преку Инвестициски фонд за Западен Балкан, така што тоа е во смисла на капитални проекти нареден огромен проект и значајно поврзување помеѓу нашите земји“, кажа Брнабиќ.

Таа не очекува градбата да почне пред 2025 кога треба да се заврши проектно техничката документација, но нагласи дека ја отвора таа перспектива за граѓаните во блиска иднина, од Скопје преку брза пруга да се стигнат до Будимпешта и понатаму до централна и Западна Европа.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ победник на ораторската вечер „Иво Пухан“

Студентката Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и...

АКТУЕЛНО

Ќе се постават 15 велосипедски паркинг- држачи во основните училишта и две сервисни станици

Основните училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе добијат велосипедски паркинг-...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието

Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот...

АКТУЕЛНО

За една недела „пајакот“ крена 224 непрописно паркирани возила во Центар

За една недела на територија на општина Центар казнети се 224 возачи...